Мурињо за суспензијата од Серија А: Во август подобро ќе ми биде под клима, отколку покрај аут линијата

Фото: EPA-EFE/ANNA SZILAGYI

Жозе Мурињо пристигна во Рим на подготовките на Рома за следната сезона, а Португалецот на аеродромот одговараше на новинарските прашања.

Мурињо доби суспензија и ќе го пропушти почеток на Серија А, а португалскиот стратег добил понуда јавно да се извини за да му биде намалена казната. Жозе пред новинарите одговори во свој стил и порача дека во август подобро би му било да се лади под некоја клима.

„Ми беше кажано дека ќе ми биде намалена казната ако се извинам јавно, но времето во август е навистина жешко, па место да бидам покрај аут линијата, подобро да бидам некаде под клима“, изјави со насмевка Мурињо.

Мурињо потврди дека во понеделник во осум часот ги започнува подготовките. Во медиумите се шпекулираше за нов договор на Дибала бидејќи има откупна клазула од само 12 милиони евра (за странските клубови), но Португалецот не сакаше да даде одговор.

„Искрено не знам ништо за неговиот договор, јасно е дека зборувам со Пауоло како што зборувам со сите други фудбалери“, мистериозно одговори Мурињо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот