Мурињо: Сакам да се вратам во Манчестер Јунајтед

Фото: EPA-EFE/Alessandro Di Marco

Португалскиот стратег Жозе Мурињо еден месец е без ангажман по отказот кој го доби во Рома, а вечерва предизвика бурни реакции со изјавата дека сака да се врати во Манчестер Јунајтед.

„Црвените ѓаволи“ направија промени во управувачката структура, па иако засега милијардерот Ретклиф има доверба во Ерик Тен Хаг не е исклучена можноста да дојде до промена.

Со последната изјава Мурињо јасно стави до знаење дека е спремен да се врати во Манчестер Јунајтед.

„Сакам брзо да се вратам на тренерската работа, а желба ми е ако имам можност да се вратам во Манчестер Јунајтед. На тоа гледам како моја мисија, мислам дека таму ми остана недоврешна работа и затоа сакам да се вратам. Поради начинот на кој заминав сакам повторно да го водам Јунајтед“, изјави Мурињо.

Мурињо на клупата на Манчестер Јунајтед дојде летото 2016 година и помина две ипол сезони во кои освои два трофеи, еден во Лигата на Европа и еден во Лига Купот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот