Тимчо Муцунски на трансатлантска вечера организирана од Марко Рубио / Фото:

Муцунски на вечера организирана од државниот секретар на САД, Марко Рубио

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на покана на државниот секретар на САД, Марко Рубио, во рамки на 80. Генерално собрание на Обединетите Нации во Њујорк, присуствуваше на традиционалната Трансатлантска вечера.

„Како кредибилен НАТО-сојузник, партнер на САД и потписник на Партнерството за безбедност и одбрана со ЕУ, продолжуваме активно да придонесуваме за регионалната, европската и глобалната безбедност. Нашата посветеност на овие цели останува јасна и недвосмислена,“ истакна министерот Муцунски во својата објава на социјалните мрежи.

На настанот учествуваа министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО и Европската Унија, при што, како што вели шефот на македонската дипломатија, била реафирмирана заедничката определба за мир, стабилност и просперитет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот