Му престана пратеничкиот мандат на Рамчиловиќ, заминува за амбасадор во Црна Гора

Фото: МИА

На Зеќир Рамчиловиќ му престанува пратеничкиот мандат бидејќи заминува за амбасадор во Црна Гора, констатира претседателот на Собранието Талат Џафери на денешната собраниска седница.

Тој информира дека за престанокот на мандатот на Рамчиловиќ, Собранието ќе ја извести Државната изборна комисија за таа да го предложи следдниот пратеник.

Рамчиловиќ на изборите настапи на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата, за потоа да стане независен пратеник. По ова Џафери ја прекина собраниската седница и дополнително ќе информира за нејзиното продолжение.

ДИК во 13 часот ќе одржи седница на која се очекува да биде констатирано дека Даниела Стојановска – Пановска, професорка во средно училиште, е следна од листата на СДСМ и коалицијата во Изборната единица 3 и треба да го замени Рамчиловиќ.

Според информациите од Собранието, се очекува 99. пленарна седница да продолжи по добивањето на информацијата од ДИК за новиот пратеник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот