МТСП: Сите вработени на УКИМ согласно колективниот договор добиваат поголеми плати

УКИМ
Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Денеска конечно заврши одисејата која ја имаа 3200 вработени на универзитетот Св. Кирил и Методиј. На владина седница помина одлуката со која сите вработени на УКИМ согласно колективниот договор добиваат поголеми плати, информираа од Министерство за труд и социјална политика.

„Одлуката беше заглавена во министерството за труд и социјална политика и доаѓањето на техничкиот министер Ѓоко Велковски започна легалистичкиот процес за решавање на проблемот. На ова претходеше средба со ректорот на УКИМ, Биљана Ангелова и нејзиниот тим, и со претставници на синдикатот, при што се најде решение за признавање на поединечниот колективен договор на УКИМ, а со тоа и зголемување на нивните плати. Изминатава беа повикани и ресорните министерства, за образование и наука и Министерството за финансии да изнајдат брзо решение за признавање на колективниот договор“, соопштија од Министерството за труд и социјална политика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот