Мрачни прогнози на американските истражувачи: Оваа европска држава ќе пројде најлошо за време на пандемијата

Фото: Профимедиа

Од Институтот за здравствена метрика и евалуација (ИХМЕ) од Сиетл пристигнале мрачни прогнози според кои Велика Британија ќе помине најлошо во Европа кога станува збор за епидемијата на коронавирусот.

Според таа прогноза, во Велика Британија од коронавирусот би можеле да умрат 66.314 луѓе до почеток на август, пренесуваат светските медиуми.

Планот на британската влада е со мерките кои се воведени, а сепак се однесуваат на социјално дистанцирање, бројот на смртни случаи да биде ограничен меѓу 20.000 и 30.000 лица. Сепак, некои научници веќе изразиле загриженост заради ИХМЕ моделот.

Како и повеќето други земји, Велика Брианија пробува да го зголеми својот здравствен капацитет пред да дојде предвидениот пик на епидемијата. Новата теренска болница во источен Лондон има капацитет од 5.000 кревети. Меѓутоа, моделот на споменатиот институт сугерира дека ова можеби не е доволно.

Кога Британија ќе дојде до предвидениот врв на епидемијата, ќе и бидат потребни 102.794 кревети, што е многу повеќе во споредба со моментално достапните 17.765.

Професорот Дејвид Шпиглхалтер сепак смета дека податоците со тек на време можат да се изменат и е многу скептичен кога станува збор за оваа анализа.

Во Велика Британија се заразени преку 60.000 луѓе, а починаа 7.097 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот