Најинтересна осминафинална двојка во ЛШ е ПСЖ - Манчестер јунајтед/Фото: EPA-EFE/LAURENT GILLIERON

Можна пресметка во плеј-офот за ЛШ, Црвена звезда против Динамо Загреб

Денеска со жрепка во Нион (Швајцарија) во домот на европскиот фудбал беа извлечени двојките во плеј-офот за пласман во групите на Лигата на шампионите.

Можно е токму на таа последна пречка за влез во групната фаза на ЛШ да се сретнат екс-ју ривалите Динамо Загреб и Црвена звезда.

Но, за да се дојде до таа пресметка претходно Хрватите и Србите треба да ја завршат својата задача во третото квалификациско коло.

Динамо на македонските репрезентативци Аријан Адеми (моментно повреден) и Стефан Ристовски треба да ги одмерат силите против полската екипа на Легија Варшава.

Белградските „црвено-бели“ за ривал во третата квалификациска рунда го имаат молдавскиот Шериф.

Црвена звезда би била домаќин на првиот меч против загрепските „модри“ на 17 или 18 август, а реваншот е седум дена подоцна.

Во продолжение погледнете ги и другите парови во плеј-офот на ЛШ:

Салцбург – Брондби
Клуж/Јанг Бојс – Ференцварош/Славија Прага
Малме/Ренџерс – Олимпијакос/Лудогорец
Монако/Спарта Прага – Генк/Шахтјор Доњецк
Спартак Москва/Бенфика – ПСВ Ајндховен/Митјиланд

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот