Мотор удри во „дачиа“, двајца повредени

Ноќеска на крстосницата од булеварот „Илинден“ и улицата „Аминта трети“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „хонда„ без регистерски ознаки, управуван од Б.Л.(26) од Скопје и возило „дачиа логан“ управувана од Т.М.(53) од Скопје.

Во незгодата тешки повреди се здобиле мотоциклистот Б.Л. и неговиот сопатник А.А.(27) од Скопје. Со возило на Итна помош Б.Л. бил пренесен во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“, додека А.А. бил пренесен во Градската болница „Св.Наум Охридски“.

Двајцата се задржани на понатамошно лекување.  Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот