Мотоциклист прегази 33-годишен пешак во Скопје

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Триесет и тригодишен скопјанец е тешко повреден откако вчера бил прегазен од мотоциклист на булеварот Никола Карев.

„На 09.01.2024 во 17.30 часот било пријавено дека во Скопје на бул.„Никола Карев” патничко моторно возило „хонда” со скопски регистарски ознаки, управувано од С.А.(24) од Скопје, удрило во А.Т.(33) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза” “, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот