Мото ГП: Бецеки најбрз во квалификациите за првата историска трка во Индија

фото: EPA-EFE/HARISH TYAGI

Марко Бецеки беше најбрз на првиот тренинг пред историската трка на патеката Буда, а ова саботно утро го постави и најбрзото време во квалификациите за Големата награда на Индија, прва трка во оваа земја во рамките од Мото ГП шампионатот.

Во апсолутна доминација на мотоциклите на Дукати, Италијанецот Бецеки имаше најдобро време од 1:43.947, пред Хорхе Мартин и Франческо Бањаја.

Утринава борбата за стартните позиции ја одбележа падот на Алекс Маркез од неговиот „Гресини Дукати“, поради што Шпанецот се здоби со скршеница на ребро и за него овој тркачки викенд заврши.

Беше тензично во тимот на Априлија, чии шефови направија грешка и го испратија Алеш Еспаргаро на патеката порано отколку што требаше, па го повикаа назад во „боксот“ за дополнително загревање на гумите.

На осум трки до крајот на сезоната, моментно во генералниот пласман води Бањаја со 283 поени, пред Мартин со 247, а трет е Бецеки со 218.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот