Морачанин: Го губиме нашето богатство бидејќи нема политичка воља тоа да се зачува

Маја Морачанин / Фото: Утрински брифинг

Еден од најголемите проблеми е проблемот со неотстранување на дивоградбите. Гледаме дека Општина Охрид сега нешто превзема на крајбрежјето, најавуваат дека дивоградби ќе се отстрануваат и во централното градско јадро, но навистина помина премногу време, реагира претседателката на ДОМ Маја Морачанин по најновиот извештај на УНЕСКО.

– И не само УНЕСКО, еве и во извештајот на Државниот завод за ревизија стои дека во последниве десет години ниту една дивоградба во Струга не е отстранета. Се прави регистарот на дивоградби ама не е целосен, бидејќи нема политичка волја да се решава овој проблем. Извештајот само го констатира она што било евидентно во 2017, а тоа е дека не се справуваме со проблемот со дивоградби онака како што е неопходно. Препораките на УНЕСКО мораат да се спроведуваат бидејќи се работи за наше заедничко добро, вели Морачанин за Слободен печат.

Според неа, не е проблемот само тоа што Охрид ќе влезе на листата на природно и културно наследство во опасност, пострашно е што ние за нас не сме успеале да го зачуваме тоа богатство.

– Не е дека дивоградбите му пречат на УНЕСКО, поважно е дека тие му пречат на езерото, на регионот. Еве, видовме дека тие дивоградби на поединци им носеле и огромна финансиска полза на штета на природата и на јавниот интерес. Светските трендови не се повеќе во насока на масовен туризам туку токму она што Охридскиот Регион го нуди – недопрена природа и автентичен амбиент, културна понуда, гастрономијата.  Аргументите дека ќе го изгубиме туризмот во охридскиот регион се неосновани, вистината е дека ние ќе ги загубиме туристите ако го загрозиме неговиот УНЕСКО статус, бидејќи огромно мнозинство од туристи доаѓа тука токму поради тоа што Охрид и целиот регион се меѓу 30-те места на земјината топка каде има толкаво и природно и културно богатство па тој е заштитен и по двата основа! Имаме такво непроценливо природно и културно богатство, а поради бизнис интереси на неколкумина конкретни поединци во општините и поради немањето политичка волја ризикуваме да останеме без тоа богатство иако, во краен случај тоа, на подолг рок ќе се одрази и на финансиските приходи во истите тие општини – посочува Морачанин.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот