Момче загина во сообраќајка во Тетово

Сообраќајка/Илустративно фото: МИА

Осумнаесет годишно момче од Тетово загина во сообраќајна несреќа што се случила во неделата околу 22.30 часот на крстосниците на улиците 160 и 161 во близина на тетовската касарна. Во сообраќајката се повредени четири лица, а еден од нив има тешки повреди.

– До несреќата дошло поради судир на две возила, ауди кое го управувал 17 годишник и рено меган што го возел 19 годишник. По судирот животот го загубил 18 годишниот Ш.Љ кој бил сопатник во аудито. Втор сопатник во аудито на 16 години добил тешки повреди, по што е однесен во Клиничкиот центар во Скопје – информира Марјан Јосифовски, портпарол на СВР Тетово.

И двајцата возачи се примени во тетовската болница.

– По првата лекарска помош, тој што го возел аудито е пуштен дома, а 19 годишникот што го возел реното е задржан во тетовската болница на лекување. Во болница поради повреди останал и трет сопатник од аудито. Во возилото рено имало тројца сопатници кои останале неповредени – рече Јосифовски.

Увид на местото направиле јавен обвинител и екипа на СВР Тетово по што дополнително треба да се утврдат причините.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот