Момче од Белград прегазило жена со „Смарт“ на пешачки премин и избегало, му се заканува 12 години робија

Српска полиција/ Фото: МИА

21-годишен белграѓанец идентификуван како З.Ј. е уапсен синоќа во српскиот главен град, откако со својот автомобил „Смарт“ прегазил и усмртил жена во белградската населба Чукарица, по што не застанал да ѝ пружи помош на жртвата и избегал, јавуваат српските медиуми.

Тој е осомничен за тешки кривични дела против безбедноста на јавниот сообраќај и неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода, за кои максималната предвидена казна затвор е 12 години. Отежнителна околност за него е и тоа што имал 0,9 промили алкохол во крвта.

„Тој се сомничи дека ноќта меѓу понеделникот и вторникот околу 00:15 часот на пешачки премин на улицата „Кнез Вишеслав“ во населбата Чукарица налетал на 34-годишна, која им подлегнала на повредите од ударот на самото место“, соопшти полицијата.

Откако избегал, полицијата набрзо го фатила момчето со „Смартот“, на кое му е одреден притвор од 48 часа. З.Ј. со кривична пријава ќе биде изведен во Вишото јавно обвинителство во Белград.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот