фото: ГФК Тиквеш

Мојсов пред мечот со Вардар: Подготвени сме и мислам дека знаеме како да дојдеме до првата победа

В петок од 17.00 часот во рамките од второто коло во Првата македонска фудбалска лига на Градскиот стадион во Кавадарци, ГФК Тиквеш ќе го пречека Вардар.

На стартот од шампионатот Вардар убедливо дома со 4:1 го совлада вечниот ривал Пелистер, додека ГФК Тиквеш како домаќин ремизираше без голови (0:0) со Работнички.

Тренерот на ГФК Тиквеш, Ѓорѓи Мојсов и неговите играчи го почитуваат ривалот:

– Натпревар како и секој друг. Го респектираме Вардар, знаеме против кого играме. Против Работнички не го игравме нашиот фудбал, односно ја немавме нашата доминација. Утре е сосема друг натпревар, ние сме подготвени и мислам дека знаеме како да дојдеме до првата победа. Ме радува што публиката и Лозарите секогаш се тука да ни дадат поддршка – вели Мојсов.

Во изминатиот период ГФК Тиквеш ангажираше ново засилување, Нигериецот Сандеј Алими кој игра на позицијата десно крило потпиша договор на две години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот