Могерини: ЕУ го повикува Израел да го прекине населувањето на окупираната територија

Европската унија се уште смета дека израелското населување на окупираната палестинска територија е нелегално според меѓународното право и дека е закана на можноста за траен мир, рече шефицата на дипломатијата на ЕУ, Федерика Могерини.

„ЕУ го повикува Израел да ги прекине сите активности за населување, во согласност со своите обврски како окупациска сила”,нагласува Могерини во изјавата.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео вчера нагласи дека планира да објави дека САД ја олеснуваат својата позиција за изградба на израелските населби во окупираниот Западен Брег, и дека САД ќе отфрлат правно мислење на Стејт департментот во 1978 година дека изградбата на населби во окупираните територии не е во согласност со меѓународно право.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот