Многу сме благи во барањата, вели синдикалецот Ристески

Марјан Ристески, претседател на КСОМ/Фото; Скриншот

Марјан Ристески од Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС), вечерва во емисијата „24 отворено“ рече на седниците на Економско-социјалниот совет (ЕСС) се добива впечаток дека и на министерот не му е јасно што се зборува. Ристески вели дека „Владата треба да си ја признае грешката“.

– Многу сме благи во нашите барања. Утре треба да им се каже: 14,2 отсто бараме покачување и нема што да се разговара. Овој закон е системски закон, не е методологија која така се носи. Колективниот договор им боде очи. Ваков системски закон требаше Владата да го донесе на почетокот, кога имаше политичка моќ. Може да останеме на пола пат и да не добиеме ништо. Ако се донесе оваа методологија, 25 закони треба да се сменат за да ова профункционира. Ни ветија лани дека ќе се направи усогласување на платите. Овој пат сите синдикати се сложни. – рече Ристески.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот