Млади пациенти од Охрид се степале во Психијатриската болница во Демир Хисар

Млад пациент од Охрид вчера во Психијатриската болница во Демир Хисар физички нападнал негов сограѓанин, исто така пациент во болницата, соопшти МВР.

„На 11.05.2023 во ОВР Демир Хисар било пријавено дека во Психијатриска болница во Демир Хисар пациентот М.Т.(31) од Охрид физички го нападнал пациентот С.Ш.(27) од Охрид“, пишува во полицискиот билтен.

Од полицијата велат дека преземаат мерки за расчистување на настанот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот