Млада мајка од Кочани си го оставала детето само дома и на улица, доби кривична пријава

Фото: илустрација / EPA/GEORGI LICOVSKI

22-годишна мајка од Кочани доби кривична пријава за запуштање и малтретирање дете, соопшти МВР.

„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Џ.С.(22) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“. Пријавената, подолг временски период го оставала своето малолетно дете без никаков надзор и грижа дома, а во повеќе наврати детето било оставено несоодветно облечено на улицата во непосредна близина на нивната куќа“, пишува во полицискиот билтен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот