Млада Британка убиена пред паб во Мерсисајд, уапсени двајца осомничени

Убиена Британка/ Фото Слободен печат

Две лица се уапсени откако полицијата ги поврза со убиството кое се случи на католички Бадник во кое беше убиена 26-годишна жена во паб во Мерсисајд. 30-годишен маж е уапсен поради сомнение за убиство и обид за убиство, додека 19-годишна жена е уапсена поради сомнение за заговор за убиство. Моментално се во полиција, каде детективите ги испрашуваат.

Ел Едвардс почина откако била застрелана во главата во пабот Лајтхаус Ин во селото Валаси, непосредно пред полноќ на католички Бадник. Инспекторите не веруваат дека таа била цел на нападот. Детективката Сју Кумбс потврди дека се извршени две апсења во врска со пукањето, пишува британски Скај.

„Семејството на Ел сè уште се помирува со нејзината трагична загуба и нашите специјално обучени офицери за семејни врски ги поддржуваат. Нема да запреме додека одговорните не бидат изведени пред лицето на правдата и би го повикал секој што има информации да излезе на виделина“, рече Кумбс.

„Би ги повикал луѓето кои биле во Лајтхаус Ин во моментот на инцидентот или сите кои имаат снимки од мобилни телефони или видео надзор од она што се случило итно да не контактираат бидејќи можеби имаат информации кои се од витално значење за нашата истрага. Ги повикуваме и возачите и жителите на областа, кои можеби снимиле нешто на камери или видео надзор, да контактираат со нас, и секој доказ е од клучно значење за истрагата“, додаде таа.

Во нападот е повреден 28-годишен маж кој сѐ уште е во тешка состојба во болница. Во нападот уште три лица се здобиле со повреди кои не се опасни по живот. Семејството на убиената положи цвеќе на местото на пукањето, а остави и плоча во форма на срце со порака: „Специјална ќерко, среќата што ја донесе на свој посебен начин, со љубов ќе ја паметиме секој ден“.

Пријател на убиената Ел рекол дека луѓето на почетокот мислеле дека е огномет кога почнало пукањето. „Но, автоматски сè само запре и имавме чувство дека нешто не е во ред“, истакна таа. Таа тврди дека се почувствувала „замрзнато“ кога ја видела својата пријателка на подот, а луѓето се обидувале да и помогнат, јавува Би-Би-Си.

Полицијата во Мерсисајд на Твитер објави дека го зголемила своето присуство во областа „како директен одговор“ на пукањето. „Добивме позитивни повратни информации од жителите во овие заедници за проактивно полициско работење во борбата против криминалот, а нашите службеници разговараа со жителите за загриженоста на заедницата“, рече инспекторот Питер Рексвинкел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот