Млад скопјанец продавал кокаин, го кажале тројца фатени „муштерии“

Кокаин, илустрација / Фто: Архива на Слободен печат

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР поднесе кривична пријава против E.A.(23) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”.

„Во периодот од јули до септември годинава, пријавениот набавил кокаин и во својот дом вршел препакување и продажба на лица од Скопје. На 20.07.2022 на бул. „Крсте Мисирков” кај И.П. (33) од Скопје бил пронајден кокаин, кој го купил од Е.А.. На 13.09.2022 на бул. „Партизански одреди” кај K.M. бил пронајден кокаин, кој го купил од пријавениот. На 20.09.2022 на ул. „Филип II Македонски” кај Х.Ц. (52) од Скопје бил пронајден кокаин, кој го купил од Е.А.“, велат од полицијата.

Од страна на судија на претходна постапка, на Е.А. му била одредена мерка притвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот