Млад човек пронајден починат во Кисела Вода

Фото: МИА

37-годишен жител на Скопје вчераутро е пронајден мртов во населбата Кисела Вода, соопшти МВР.

„На 18.05.2023 во 10.17 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош било пријавено дека на ул.„Христо Татарчев“ бил пронајден починат Б.А.(37) од Скопје. Смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид извршила екипа од Полициската станица Кисела Вода“, велат од полицијата.

По наредба на обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот