Митрополитот на Нубија и Судан: Во православната црква во Картум два дена се заглавени 15 луѓе

Романија црква ковид-19 коронавирус
EPA-EFE/ROBERT GHEMENT

Грци, Суданци, Етиопјани и Руси, вкупно 15 луѓе, од саботата се заглавени во православната црква во Картум, според митрополитот на Нубија и Судан, Савас, кој за грчката државна телевизија „ЕРТ“, истакна дека ноќта поминала мирно, но утрово продолжиле судирите и континуирано се слушаат пукотници.
Митрополитот, кој е заедно со верниците рече дека имаат прекини во снабдувањето со вода и струја, но не постои проблем, бидејќи засега имаат резерви.
– Во комуникација сме со Министерството за надворешни работи и постојан контакт со амбасадорот на Грција во Каиро, во моментов е многу тешко да се најде решение поради ситуацијата, но се обидуваме да најдеме решенија, истакна митрополитот Савас, кој додаде дека не можат да излезат од Соборниот храм, ниту да видат што се случува надвор, бидејќи е многу опасно.

Според Министерството за надворешни работи на Грција меѓу повредените во Судан се и двајца грчки државјани, кои се хоспитализирани.
Од грчкото МНР соопштија дека по наредба министерот за надворешни работи Никос Дендиас активирана е Единицата за управување со кризи, која е во комуникација и координација со останатите земји- членки на ЕУ преку системот за конзуларна соработка, како и со митрополитот Савас.
Преку соопштението уште еднаш побараа од сите Грци кои се наоѓаат во Судан да се придржуваат кон безбедносните мерки и да ги избегнуваат непотребните движења.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот