Митрофанова: Бугарија може да купи руски гас, ама мора да го плати во рубљи

„Гаспром“
„Гаспром“ / Фото: EPA-EFE/ANATOLY MALTSEV

Амбасадорката на Русија во Софија, Елеонора Митрофанова, за БТВ коментира дека нема да има проблеми со обновувањето на испораките на гас од „Гаспром” доколку има политичка волја од страна на Бугарија.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Митрофанова додаде дека плаќањата за природен гас може да се вршат само во руски рубљи. Со овој аргумент, „Гаспром“ пред неколку месеци ја прекина испораката на гас за Бугарија.

Преодната влада на Бугарија сигнализираше дека не ја исклучува можноста за преговори со „Гаспром“ за обновување на испораките.

Министерот за енергетика на Бугарија, Росен Христов, во петокот на брифинг најави дека само делумно се обезбедени потребните количини гас за октомври, а се бараат добавувачи за ноември и декември по прифатливи цени. Ова доведе до остри критики од доскорешните владејачки партии во Софија, Демократска Бугарија и Продолжуваме со промената, кои рекоа дека преодната влада сака да ја врати енергетската зависност на Бугарија од Русија. Тие потсетија дека владата на Кирил Петков склучила договор со седум цистерни за течен гас, но нивните наследници потврдија дека е испорачана само една од нив. За разлика од нив, нивниот поранешен коалициски партнер од Бугарската социјалистичка партија најави дека владата на премиерот Галаб Донев ќе започне преговори со „Гаспром“.

Русија ја прекина испораката на гас за Бугарија затоа што еднострано го промени условот за плаќање од евра во руски рубљи. Бугарија продолжува да го плаќа месечно долгиот износ според договорот во евра, но „Газпромбанк“ го враќа бидејќи не е претворен во руски рубљи во банката на руската гасна корпорација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот