
Мистериозна смрт: Како починале Никола Тесла и првата сопруга на Алберт Ајнштајн?
Ви откриваме како починал најпознатиот српски научник, истражувач и пронаоѓач на полето на електротехниката и радиотехниката, Никола Тесла, како и позната српска физичарка и математичарка Милева Мариќ, првата жена на Алберт Ајнштајн, еден од најгенијалните умови на XX век.
Препорачано
Никола Тесла
Смртта на познатиот научник ја открила една чистачка откако тој три дена не ѝ се јавувал од хотелската соба во која живеел, хранејќи гулаби и усовршувајќи ги своите идеи во главата – машини, оружја какви што постојат денес… Починал за време на Втората светска војна, во Америка, која се сомневала во него сè до неговата смрт, и сметала дека е Австро – унгарец, а подоцна и руски шпион.
По неговата смрт, ЦИА и ФБИ влегле во хотелската соба, по што бил издаден медицински извештај дека славниот научник починал од срцев удар, на 87-годишна возраст, а смртта настанала на 8 јануари 1943 година, во хотелската соба бр. 3327, во хотелот „Њујоркер“. Официјално е забележано дека тој починал од срцева тромбоза на 7 јануари 1943 година во 22.30 часот. Сепак, причината за неговата смрт никогаш не е разјаснета во целост.

Милева Мариќ Ајнштајн
Постојат тврдења дека Милева придонела за раните трудови на Алберт, но степенот на нејзиното учество во откритијата не е познат, па затоа е предмет на разни расправи.
Откако Алберт поднел барање за развод од Милева во 1916 година, неа ја погодила тешка болест. Блиски пријатели тврделе дека барањето за развод е причина за нејзиното нагло губење на здравјето. По две години, таа се согласила да се разведе од него, а тој за возврат ветил дека ќе ѝ даде пари од Нобеловата награда ако евентуално ја добие.
Милева во животот наишла на многу проблеми, нејзината сестра Зорка доживеала нервен слом, нејзината мајка починала, а набргу потоа и нејзината сестра, а на нејзиниот син Едуард му било дијагностицирана шизофренија.
По еден од насилните напади на Едуард во 1948 година, Милева се онесвестила и била пренесена во болница. Таа таму и починала, три месеци подоцна, на 4 август 1948 година, под неразјаснети околности. Дури и самите лекари не можеле да ја утврдат причината за смртта. Нејзините најблиски пријатели сметале дека срцето ѝ пукнало од тага. Милева била погребана на гробиштата Нордхајм во Цирих.
