Мистерија на американски носач на авиони: Тројца морнари починаа во рок од седум дена

Американски носачт на авиони УСС Џорџ Вашингтон
Американски носачт на авиони УСС Џорџ Вашингтон/Фото: EPA/MARCELO SAYAO

Тројца морнари од американскиот носач на авиони „Џорџ Вашингтон“ се пронајдени мртви во рок од седум дена, тврдат од американската морнарица.

Криминалистичкото одделение на морнарицата покрена истрага во соработка со локалните власти.

Минатиот петок, на бродот беше пронајден морнар без знаци на живот, додека телата на преостанатите двајца морнари беа пронајдени на 9 и 10 април на локации надвор од базата.

– Истрагата за овие инциденти е во тек, а засега нема индиции дека има поврзаност меѓу овие три трагични случаи. Изразуваме длабоко сочувство до семејствата, пријателите и колегите на загинатите морнари – изјави Рин Момсен, портпарол на американската морнарица.

Армијата повикала специјален психијатриски тим за итни интервенции, чија улога е да обезбеди краткорочна психолошка помош на персоналот на бродот, откако доживеал траума, пренесува Мондо.

Идентификувани се првите двајца морнари – офицерот од трета класа Микаил Шарп и електричарот Наташа Хафман. Третиот морнар сè уште не е идентификуван.

УСС Џорџ Вашингтон е носач на авиони од класата Нимиц на нуклеарен погон. Моментално се наоѓа во Њупорт Њуз, Вирџинија, каде што беше подложен на полнење гориво и сложени ремонти, еднократен процес на замена на нуклеарното гориво на бродот и реновирање на бродот за идни операции. Бродот е во Њупорт Њуз од август 2017 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот