„Мис карантин на светот“: Две убавици од Македонија влегоа во финалето! (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Во текот на годината ширум целиот свет се одржуваат многу интернационални избори за „Мис“, меѓутоа сега поради пандемијата на коронавирусиот и овие настани згаснаа. Освен еден, кој се одрржува во моментов – „Мис Карантин на светот“.  Да, не е шега.

Имено, „Gecjan Fashion Group“ од Приштина и нивниот директор Илир Геци се решија да организираат еден ваков избор, но не класичен, туку онлајн, како што единствено е ѝ можно кога речиси целиот свет е во карантин. Коорганизатори на овој избор е модното студио „Црнокрак “и Тугче Сарјакајн од Турција.

Фото: промо

Право на учество имаа сите убави девојки од планетата, на возраст помеѓу 16 и 26 години, со тоа што за учество требаа да испратат само две видеа, на едното како се претставуваат, а на другото како се движат, нормално во домашни, карантински услови и да испратат уште 10 слики – 5 обични слефи и 5 професионални.

Се пријавија дури 210 девојки од околу 50 држави. Прво беа избрани 70 полуфиналистки, а потоа 15 финалистки кои ќе учествуваат на големото финале кое ќе се одржи во недела, 17-ти мај во 21 часот – онлајн секако, на ФБ и на ТВ 21 која се гледа и во Македонија.

Во жирито меѓу светски познати имиња од модата и убавината ќе биде и Мики Црнокрак, сопственикот на модното студио „Црнокрак“.

Од Македонија имаше пријавено четири девојки, а две од нив успеаа да влезат во 15-те финалистки.

Фото: Промо
Фото: Промо

Тоа се дваесетчетиригодишната Кристина Димитријевска од Тетово и шеснаесетгодишната Бисера Цуцулова од Скопје, двете цленки на модното студио „Црнокрак“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот