Миркуловски за ветераните: Не ни беше тешко да се воиграме, заедно сме биле 10-15 години

фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Денес се одигра ревијален натпревар помеѓу актуелните и поранешните репрезентативци на Македонија, а на крајот победа славеа актуелните репрезентативци со 25:21.

Натпреварот изобилуваше со атрактивни потези. Големиот борец на Македонија, Филип Миркуловски во изјава за МРТ додека се играше на натпреварот порача дека во овој дуел има само еден победник, а тоа е народот.

„Некој да ми кажуваше дека ќе се случи ваков натпревар, вака добро организиран и да изгледа вака убаво. На крајот ќе има еден победник, народот кој покажа големо срце, ја исполни салата за да бидат донирани средства на оние на кои им се многу потребни, децата од СОС Детско село“, изјави Миркуловски.

На ветераните не им било тешко да се воираат.

„Не ни беше тешко да се воиграме, ние бевме 10-15 години заедно. По кратко време ни стана јасно која каде треба да трча, кој каде да додава…“, истакна Миркуловски.

Ќе потсетиме средствата собрани од денешниот натпревар ќе бидат донирани во СОС Детското село.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот