
Министерството за здравство треба да го поправи потпорниот ѕид кај Детска клиника
Во Центарот за управување со кризи (ЦУК) се одржа координативна средба за потпорниот ѕид кај Детска клиника.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
На средбата во ЦУК, присуствувале сите поканети претставници од Министерство за здравство, Град Скопје, Општина Центар, Инспекциски совет, Министерство за внатрешни работи. Присутни биле и вработени во Центарот – државниот советник Драги Тарчуговски и колеги од Секторот за операции и координација на ЦУК, кои, се појаснува во соопштението, непосредно се ангажирани за конкретната проблематика за координација за решавање на опасноста.
На средбата биле разгледани материјали од досегашните активности и инспекциски наоди и се донеле неколку заклучоци.
– Министерството за здравство, согласно решението и заклучокот од градежниот инспектор на Општина Центар, да започне со изградба на ограден – потпорен ѕид како привремено решение. Град Скопје да изработи динамика и да започне активности за изработка на нов сообраќаен проект во координација со СВР – Скопје, со што би се редуцирало движењето на тешки товарни возила. Град Скопје ќе пристапи кон пресадување на дрвјата на трасата на улицата „Белградска“, истовремено, при активностите за изградбата на потпорниот – ограден ѕид од страна на Министерството за здравство. ЦУК да побара извештај од Министерството за животна средина и просторно планирање – водостопански инспектор за намената и состојбата на руиниран канал, каналски систем, на улицата. За трајно, долгорочно решавање на проблемот, Град Скопје е потребно, во координација со останатите надлежни институции, да изготви нова хидролошка студија и студија за заштита на подземните води на падините на Водно, врз основа на што би се преземале трајни мерки за изградба на нова улица со потребната каналска мрежа и нејзино асфалтирање – појаснуваат попладнево од ЦУК.
ФОТО+ВИДЕО | Властите чекаат да се одрони и да падне потпорниот ѕид кај Детска Клиника