Милошоски: За утре закажавме седница на Комисијата за надворешна политика, очекуваме присуство на Османи

Антонијо Милошоски/Бујар Османи/ Фото Колаж на СП

За утре во 11:30 е закажана седница на собраниската Комисија за надворешна политика, на која се очекува и присуство на министерот за надворешни работи Бујар Османи, информира денеска претседателот на Комисијата, Антонијо Милошоски.

– Од Османи е побарано да ги презентира во писмена форма одговорите коишто Македонија во декември минатата година ги дала до официјална Софија на нивниот т.н. план „5+1″, за да бидеме запознаени како пратеници за што се работи и дали таквите одговори се совпаѓаат и се во рамките на усвоената Декларација од македонското Собрание каде утврдивме заеднички национални позиции, изјави Милошоски, кој е пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој се надева дека присуството на министерот ќе биде потврдено на утрешната собраниска Комисија.

– Очекувам да имаме интересна, занимлива, расправа на којашто очекувам да добиеме посериозни одговори околу процесот кој досега е обвиен со една доза на сомнеж за тоа колку транспарентно се преговара на релација Скопје – Софија, додаде Милошоски.

Министерството за надворешни работи во вторникот потврди дека Османи в петок ќе присуствува на седница на собраниската Комисија за надворешна политика.

Во однос на прашање за вклучувањето на Бугарите во Уставот, според Милошоски, ВМРО-ДПМНЕ не смета дека „Уставот треба да биде монета за поткусурување во секое политичко недоразбирање”.

-ВМРО-ДПМНЕ не смета дека Уставот треба да биде монета за поткусурување во секое политичко недоразбирање со кој било од соседите и сметаме дека по тоа прашање треба да бидеме поконвенционални, да размислиме посериозно и да не брзаме со какви било ветувања коишто гледаме дека премиерот Ковачевски многу прелесно ги дава, а со тоа можеби свесно или несвесно не разбира дека ги нарушува преговарачките позиции на Македонија, додаде Милошоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот