Милошоски: СДСМ и ДУИ играат игра за да не дадат отчет за фијаското во Брисел

Фото: Слободен печат

Играта е очигледна, одговорноста за неуспех ја носат министерот Никола Димитров и Бујар Османи да не се дискутира пред камерите, ова е смислената тактика од вчера за да се скокне оваа комисија продолжува и денеска, рече денеска на Комисијата за надворешна политика, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

-Очигледно е дека ова е игра на СДСМ и ДУИ да нема отчетност за катастрофалниот фијаско што го доживеаја во Брисел – рече Милошоски претседател на Комисијата, откако пратеникот на ДУИ, Артан Груби побара пауза од еден час за да може да ги прочита стенограмските белешки од обраќањето на министерот Никола Димитров.

Пратеникот Илија Димовски рече дека Груби прави упад и како што рече улетува за да ја расипе комисијата. Груби одговори дека според деловникот има право да бара пауза и дека неговото пратеничко достоинство не му дозволува да седи на комисија кога не го слушнал обраќањето. Груби рече и дека неможел да дојде порано на комисијата бидејќи имал други обврски.

По кавгата меѓу пратениците Груби предложи пауза од пола час, но тоа претседателот на комисијата Антонио Милошоски не го дозволи и му даде збор на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски.

Димовски и Груби зборуваа паралелно секој тоа што сака, а Милошоски пред сите рече дека ќе го прекрши деловникот за оваа комисија и нема да даде пауза.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот