Милион заразени со ковид-19 во Австралија од почетокот на пандемијата

Ковид-19 коронавирус
Човек со заштитна маска против коронавирусот / Фото: EPA-EFE/DANIEL POCKETT

Австралија денеска го надмина прагот од милион случаи на заразени со ковид-19. Повеќе од половина од нив се регистрирани во изминатата недела. Забрзувањето на инфекцијата се должи на Омикрон сојот на коронавирусот, пишува Ројтерс.

До неодамна, Австралија успеваше да го запре вирусот со агресивни заклучувања и строги гранични контроли. Сега, сепак, земјата почнува да живее со вирусот. Државите Нов Јужен Велс и Викторија регистрираа околу 55.000 нови инфекции во последните 24 часа. Од пандемијата досега починале 2.387 луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот