Мицотакис и Анастасиадис телефонски разговарале за последните активности на Турција

За последните случувања и активностите на Турција, телефонски разговарале премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис и претседателот на Кипар Никос Анастасиадис.

Како што соопштија од кабинетот на Анастасиадис, целта на разговорот било „координирање и поблиска соработка на двете Влади за преземање заеднички активности како на ниво на ЕУ, така и со пријателските земји од регионот”, по „новата нелегална и провокативна постапка на Турција, со издадената NAVTEX која ги прекршува суверените права на Кипар и Грција”, јави дописничката на МИА од Атина.

Во фокусот на разговорите била и утрешната средба на претседателот на Кипар со неговиот француски колега Емануел Макрон, на која, според алтернативниот портпарол на кипарската Влада Панајотис Сендонас, ќе биде покренато и прашањето за турските активности.

-Утре, ова прашање ќе се покрене и за време на средбата на претседателот на државата со претседателот Макрон и мора да потсетам дека во текот на изминатиот период ставот на Претседателот беше дека ЕУ мора да покаже порешителен став кон Турција. Потсетувам дека за време на неговиот неодамнешно обраќање во Европскиот совет, Анастасиадис повика на проширување на мерките кон Турција, рече портпаролот на кипарската Влада.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот