Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е подготвено да прифати попис во првиот момент кога ќе бидат имунизирани сите попишувачи

 Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ има јасна порака во однос на пописот, а тоа е дека со ваква епидемиолошка состојба тој треба да се одложи.

Тој рече дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвено да прифати попис во првиот момент кога ќе бидат имунизирани сите попишувачи.

ВМРО-ДПМНЕ има јасна позиција и вели дека пописот треба да се одложи, таму за наесен септември месец, а ако е потребно да ги одложиме и локалните избори не менува ништо, а во меѓувреме да ги имунизираме попишувачите за кога граѓаните ќе разговараат со нив да не може да бидат преносители на зараза, која јас и моето семејство на своја кожа ја почувствувавме. Нека ги имунизираат попишувачите, тоа е процес што трае месец дена, ќе се одложи процесот на попишување на населението и домаќинствата за месец, месец и половина. Што е тоа во споредба со 20 години. И тогаш откако ќе се заврши со имунизацијата да го спроведеме пописот, нагласи Мицкоски во гостувањето во вестите на телевизијата Сител.

Тој рече дека меѓународната заедница треба да донира 5.000 до 6.000 вакцини за да се имунизираат попишувачите.

Потенцира дека напишал едно отворено писмо и дал предлог.

– Во мојот предлог, ќе го повторам уште еднаш пред македонската јавност, е содржано следново: пописот веднаш да се одложи, бидејќи ова што станува збор за дијаспората е евиденција не е попис. Попис се знае се прави на резидентно население или население кое што изминатите 12 месеци не ја одјавило адресата од Македонија. Ова е евиденција на дијаспората што не мораше да го прават, од бројот на издадени македонски државјанства ќе го одземевме бројот на резидентно население ќе ја добиевме дијаспората, посочи Мицкоски.

Во врска со казните за непопишување рече дека здравјето на граѓаните е најважно и со Устав загарантирано како неприкосновена физичка големина. Истакна дека е подготвен да понесе одговорност за тоа што го зборува и додаде дека само имунизирани попишувачи смеат да влегуваат по домовите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот