Мицкоски: Дескоска е пречка за договор за Законот за СЈО!

Планот – Б за начинот на донесување на Законот за јавното обвинителство е правно погрешен, оценува претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. На новинарско прашање за време на денешната прес конференција, во врска со изгледите да се најде решение за овој закој, со кој се регулира и статусот на Специјалното јавно обвинителство, Мицкоски рече дека основната пречка за договор меѓу власта и опозицијата е министерката за правда, Рената Дескоска, чија единствена цел било, како што кажа, пресметка со ВМРО-ДПМНЕ.

Запрашан дали неговата партија размислува за флексибилност во врска со црвените линии во преговорите, Мицкоски дециден:

„Нема компромис со правото!“

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ оцени дека со предлог законот со кој што државата ќе ги плаќа придонесите за пензиско-инвалидско осигурување ако работодавачот го зголеми примањето за дополнителни 6.000 денари владејачката СДСМ и премиерот Зоран Заев прават директен упад во законите и Уставот.

Според Мицкоски, мерката е за продолжување на политичката кариера на Заев и неговите соработници, а работниците нема да добијат зголемени примања.

– Ова е чиста статистичка операција за да ја подобри страшната цунами политика на СДСМ, затоа што работниците 100 – те евра, што до сега ги добивале на рака од работодавачите кои не го почитувале законот и работеле спротивно на законот, сега ќе ги добиваат жирално на сметка, а придонесите ќе ги плаќате вие, рече Мицкоски.

Тој ги критикуваше состојбите во економијата потенцирајќи дека не се оствариле најавите на власта за економска офанзива и за економска година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот