Мицковски: Владата сака да ги затвори РЕК Битола и Осломеј, позајмува пари за ненаменски трошења

Христијан Мицкоски. претседател на ВМРО-ДПМНЕ изјава за медиуми / Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска обвини дека Владата сака да ги затвори РЕК Битола и Осломеј земајќи кредит од 100 милиони евра.

– Потпишувајќи го овој кредит или заем се обврзале до крајот на 2023 година да го затворат Осломеј, а до крајот на 2027 година да го затворат РЕК Битола со што директно четири илјади луѓе ќе остават на улица, а уште најмалку четриесетина илјади луѓе, коишто соработуваат со АД ЕСМ, ќе трпат сериозни загуби во тековното работење. Луѓе коишто работеле на ремонтни активности, добавувачи итн. Тоа е погрешен пристап во енергетската политика која што директно ја афектира и политичката сувереност на Македонија, изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на Кочани.

Посочи дека нема да дозволат тоа да се случи и дека ќе најдат средства за да се модернизираат овие два производни комбинати.

За планираниот тендер за изградба на хидроцентралата Чебрен, Мицковски рече дека Владата како мираз ќе го даде ТЕЦ Тиквеш, односно хидроцентралата Тиквеш, која веќе е исплатена и сега произведува електрична енергија чија што цена е помеѓу 7 и 12 евра за мегават час.

-За да бидеме попрецизни, тоа е цената која што ги покрива оперативните трошоци на хидроцентралата, минус депрецизација и амортизација. Имајќи предвид дека тоа е струја што е многу квалитетна, пикова струја, произведувате моќност тогаш кога таа ви е потребна. На берзата ХУПЕКС чини повеќе од 200 евра, значи разликата би била точно 200 евра. Тоа се сериозни милиони народни пари коишто некој сака на некого да му ги подари и тоа е погрешна политика и потег, рече Мицковски.

Во врска со случувањата во јавниот градски превоз во Скопје, Мицковски ги повика градоначалничката Данела Арсовска и директорот на ЈСП да ги надминат суетите и да почнат да го работат тоа за што се платени

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот