Мицкоски: Со конституирање Изборен штаб ВМРО-ДПМНЕ утре ја почнува кампањата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски изјави дека партијата утре ќе има конститутивна седница на Републичкиот изборен штаб, со што и официјално ќе ја почне кампањата.

Има оглас за избор на кандидат за претседател на државата на кој може да се пријави секој заинтересиран до 21 февруари и да биде дел од конвенцијата доколку ги исполнува условите, изјави Мицкоски.

– Конвенцијата за избор на кандидат за претседател е на 2 март. Во моментов имаме оглас. Сите оние што ќе ги исполнат условите согласно огласот, до 21 февруари може да се пријават – изјави лидерор на опозициската партија.

Тој додаде дека очекува повеќе кандидати и од другите политички партии, вклучително и од албанските .

-Ние како политичка партија независно од огласот мериме имиња. Можам да кажам дека се не повеќе од три во моментот, но огласот е отворен и тоа е независен процес од анализата што ја прави партијата. Секој оној кој ќе ги исполни условите ќе биде дел од конвенцијата за избор на претседател, односно претседателски кандидат кој што ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи, а со самото тоа и претседател на Македонија – додаде Мицкоски.

На новинарско прашање дали се водат разговори за предизборно коалицирање, тој рече дека „течат разговори со многу политички партии, но прво треба да завршат разговорите со оние што досега беа во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот