Мицкоски: Само сите заедно можеме да ги победиме предизвиците во 2022 година

Христијан Мицкоски
Христијан Мицкоски / Фото: МИА

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски упати честитка по повод христијанскиот празник Божик.

– Им го честитам на сите православни христијани Христоото раѓање – Божик. Исто така ја користам оваа прилика да го честитам и вчерашнот голем христијански празник Бадник, да им посакам здравје и среќа, љубов, хармонија во нивните семејства. Останатото заедно ќе го направиме со народот на Македонија.

Исто така ќе ми дозволите и на останатите граѓани коишто не се од христијанска православна вероисповест да им посакам здравје, бериќет, среќа и хармонија и во нивните домови, бидејќи ќе ни треба затоа што сите заедно сме појаки и затоа што само сите заедно можеме да ги победиме предизвиците во 2022 година, изјави Мицкоски, кој денеска присуствуваше на божикната литургија во Соборниот храм во Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот