Мицкоски: Доста е од тоа да мислат дека сме кукли и статисти со кои тие управуваат, доста е од потпросечни политичари

Христијан Мицкоски на митинг / 2 октомври 2021 / фото: Фејсбук

Од вашата одлука зависи дали ќе им подарите нови 4 години на оние кои ги изневерија сите ваши очекувања, кои не исполниjа буквално ништо од тоа во што се колнеа, и истите оние кои мандатите ги завршуваат во буквална одлепеност од реалноста и велат дека се најдобри кога вие најдобро знаете дека се најлошите досега, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг во општина Илинден.

Мицкоски додаде дека овие избори се шанса да се каже доста е за екпериментите во здравството, образованието, економијата, но и доста е од тоа да мислат дека народот се кукли и статисти со кои тие управуваат.

Овие избори се моментот кога е време да им кажете доста е! Доста се експериментите во здравството, образованието, локалната самоуправа, економијата. Доста се разочарувања и упропастени шанси. Доста е од чекање во чекалницата пред ЕУ! Доста е од нивните празни фрази и флоскули. Од нивната ароганција и лажни насмевки. Доста е од глупостите кои ги кажуваат на дневно ниво, а мислат дека им веруваме. Доста е од тоа да мислат дека сме кукли и статисти со кои тие управуваат. Доста е од потпросечни политичари, од примитивно ниво на комуникација, од сексистички напади, од не почит кон се што мисли различно. Доста е од Зоран Заев во политиката и се што овој човек донесе на политичката сцена. Доста е од политика која ја сведува во броење на кеш и квадрати, рече Мицкоски.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот