МФ изработи прирачник „Купувам домашно” со објаснување што се спаѓа во домашни производи

Со цел стимулирање на купување домашни производи, а со тоа и поддршка на македонското стопанство во услови на COVID-19 кризата, домашната платежна картичка е наменета исклучиво за македонски производи и услуги, додека повратот на ДДВ преку МојДДВ за македонски производи е покачен од 15% на 20%. За да се информира јавноста што се спаѓа под „македонски производи”, Министерството за финансии изработи прирачник „Купувам домашно” со 16 често поставувани прашања.

Документот е изготвен заедно со Државниот пазарен инспекторат, Министерството за економија, Организацијата за заштита на потрошувачи, Царинска управа и УЈП. Истиот може да се најде на следниот линк https://finance.gov.mk/files/platezna_karticka.pdf

За целите на купување со домашната платежна картичка, производ може да се смета како домашен – македонски производ, доколку се производи и стоки за финална потрошувачка произведени од правни и физички лица вршители на стопанска дејност, резиденти на Република Северна Македонија, освен алкохолни пијалаци, тутун и преработки на тутун. 

За целите на искажување на прометот од македонските производи во фискалните сметки, производот може да се смета како домашен-македонски производ, доколку на неговата декларација, согласно Законот за заштита на потрошувачите, е наведено дека е произведен на територијата на Република Северна Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот