Мета: Сега е моментот за одбрана на демократијата

Илир Мета. / Фото: МИА

 На меѓународниот ден на демократијата, шефот на албанската држава Илир Мета потсети на цитат на поранешниот американски претседател Абрахам Линколн, кој ја дефинирал со зборовите: „Владеење на народот, од народот, за народот”.

Мета преку објава на Фејсбук прашува каков режим е воспоставен во Албанија 30 години по падот на комунизмот, и дали оваа демократија е влада на народот, која произлегува од народот?

Одговорот боли, наведува тој и посочува дека Албанија е последна во регионот во однос на интеграцијата во ЕУ, а 500.000 албански граѓани ја напуштиле земјата во последните години.

-Сегашниот режим е отфрлен од граѓаните како последна цел на демократијата, со масовно напуштање на татковината. Решението повеќе не треба да биде напуштање, туку е време за будење, единство, реакција, соочување и промена. Моментот за одбрана на демократијата е сега, им порачува Мета на албанските граѓани на објавата на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот