Мета: Дури 80 отсто од младите кои студираат во Албанија сакаат да заминат од земјата

Албанскиот претседател Илир Мета повторно ја искажа загрженоста во врска со депопулацијата на населението, пред се на младите, кои ползувајќи ја и најмалата можност ја напуштаат земјата.

По панел дискусијата на тема „депопулација” со учество на професори и експерти од оваа област, преку објава на Фејсбук, шефот на албанската држава наведува дека 80 отсто од младите кои студираат во земјата сакаат да заминат од Албанија.

Додава дека многу повисок е процентот на оние кои студираат во странство и не сакаат да се вратат во земјата.

Негова порака е дека на младите им треба надеж и доверба.

„Дури 80 отсто од младите кои студираат во Албанија сакаат да заминат, додека 94 отсто од оние кои студираат во странство не сакаат да се вратат назад. На младите им е потребна надеж и доверба”, напиша Мета.

Тој додава дека ним им е потребно квалитетно образование и услуги и секако безбедни работни места.

-Младите заслужуваат нови можности, да се почитува нивниот глас и да бидат дел од донесувањето одлуки. Подржувајте ги младите, за да престане депопулацијата, порачува Мета.

Светската организација(ОН) врз основа на својата статистика проценува дека од 1990 до 2020 година Албанија ја напуштиле околу 1,2 милиони лица.

Станува збор за нето миграција, која вклучува разлика меѓу оние што се враќаат и оние што заминуваат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот