Меркел за првпат покажа емоции: Ова е мое последно новогодишно обраќање

Германската канцелара која Ангела Меркел која со Германија управува 15 години, првпат покажа емоции во новогодишното обраќање до нацијата. Меркел која управуваше со Германија и Европската унија низ финансиската криза во 2008 година, грчкиот долг година дена подоцна и мигрантската криза пет години подоцна, го осуди протестот против блокадите и рече дека ќе биде вакцинирана штом ќе биде достапна вакцина за широка употреба.

-За крај да ви кажам нешто лично: за девет месеци ќе има парламентарни избори и јас нема повторно да се кандидирам“, рече 66-годишната Меркел. „Денес е веројатно последен пат да ви се обраќам воочи Нова година“.

Таа додаде: „Не мислам дека претерувам кога велам: никогаш во последните 15 години старата година не ни била толку тешка и никогаш, и покрај сите грижи и одреден скептицизам, не се радувавме на новата со толку многу надеж.

Пофалбите на Меркел, образувана физичарка која во управувањето со пандемијата се водеше од научни совети, поради сузбивањето на првиот бран, се претворија во критика поради она што е перципирано како неможност за сузбивање на вториот бран.

Во најголемата европска економија во септември ќе се одржат избори, а Меркел, чии конзервативци се очекува да освојат најмногу места во парламентот, најверојатно ќе ја предаде палката на еден од тројцата кои се натпреваруваат да го заземат лидерското место во нејзината Христијанско-демократска унија (ЦДУ).

-Можам само да замислам колку огорчено се чувствуваат оние кои ги оплакуваат своите најблиски кои ги изгубија поради короната или кои мора да се борат со последиците од болеста, додека во исто време некои безнадежни поединци го оспоруваат и негираат вирусот, рече Меркел и додаде дека теориите на заговор не се само лажни и опасни, туку се и цинични и сурови.

Меркел вели дека 2020 година е година во која „многумина се надминаа себеси и воопшто не го разгласуваа тоа“ – како лекари и медицински сестри во болниците и домовите за стари лица или војниците кои помагаат во надминувањето на пандемијата, продавачите, возачите, поштарите, воспитувачите, наставниците и полицијата.

Почетокот на вакцинацијата, како што вели, е надеж на лицата.

-Ова се лицата на првите вакцинирани, најстарите и нивните негуватели и медицинскиот персонал, изјави Меркел, додавајќи дека ќе се вакцинирана кога ќе дојде нејзиниот ред.

Бидејќи Меркел одамна го објави своето политичко пензионирање по изборите во есента 2021 година, овој нејзин 16-ти новогодишен говор е веројатно последниот.

Четвртиот и последен мандат на Ангела Меркел е обележан со незадоволство во конзервативната партија по загубата на регионалните избори, што многумина ги поврзаа со нејзината одлука во 2015 година да прими повеќе од милион баратели на азил.

Падот на регионалните анкети во 2018 година, во кои конзервативците изгубија гласачи кои застанаа на страната на ултрадесничарската Алтернатива за Германија (АфД) и еколошките Зелени, ја поттикнаа да не се кандидира за петти мандат.

Доколку формирањето на коалицијата се одложи по декември, Меркел ќе остане вршител на должноста канцеларка до 2022 година сè додека новата влада не започне со работа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот