Меркел: Потребно е Кина да се отвори за европските компании

Преговорите за инвестициски договор меѓу Кина и ЕУ траат веќе шест години и се очекува да бидат завршени оваа година. 

Германската канцеларка Ангела Меркел, за време на видео-средбата со кинескиот премиер Ли Кечианг, изјави дека Пекинг треба да преземе конкретни чекори за понатамошно отворање на кинескиот пазар и да обезбеди фер услови за деловна активност за странските компании.

Тоа денеска го соопшти претставникот за печат на германската канцеларка, Стефан Хајберт, истакнувајќи дека германските компании бараат подобар пристап до кинескиот пазар, соодветна правна рамка за инвестиции и рамномерна пазарна конкуренција, што не е можно ако кинеската Влада продолжи да ги субвенционира кинеските фирми.

– Канцеларката истакна дека е неопходно кинеската страна дополнително да го отвори својот пазар, да воведе реципроцитет и еднаков третман на странските компании, рече Хајберт.

Преговорите за инвестициски договор меѓу Кина и ЕУ траат веќе шест години и се очекува да бидат завршени оваа година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот