Меркел: Нема оправдување за руското брутално непочитување на меѓународното право

Фото: EPA-EFE/RAINER KEUENHOF / POOL

Нема оправдување за руското брутално непочитување на меѓународното право во Украина, изјави поранешната германска канцеларка Ангела Меркел во своето прво интервју откако ја напушти функцијата минатата година.

Меркел рече дека „ако почнеме да поминуваме низ вековите и кажеме кое парче територија на кого му припаѓа, тогаш ќе имаме само војна – тоа воопшто не е можно“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно ги критикуваше Меркел и поранешниот француски претседател Никола Саркози за нивниот потег да го блокираат приемот на Украина во НАТО во 2008 година, сугерирајќи дека тоа била јасна „погрешна пресметка“ што ја охрабрила Русија.

Запрашана за отфрлањето на членството на Украина во НАТО тогаш, Меркел рече дека доколку не ставила вето на потегот, „Путин би направил нешто што не би било добро за Украина“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот