Мендух Тачи: ВМРО-ДПМНЕ ќе „јаде многу шлаканици“ до изборите

Мендух Тачи / Фото: Скриншот/ТВ 21

Претседателот на албанската политичка партија ДПА, Мендух Тачи гостуваше во дебатниот магазин „Клик плус“ на телевизија 21, каде го кажа своето мислење за опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, тоа е про-руска и про-српска партија, а тоа ќе донесе асимилација на македонскиот народ.

„Може да биде фрустрацијата што ја имаат Македонците за да си го зачуваат идентитетот, но од друга страна тоа е директна асимилација, бидејќи ги знаеме намерите на Србија и Русија. Со години ги знаеме намерите на овие земји, дури и ако ги гледате нивните документарни филмови и емисии. Ако не се свесни дека имаме про-ури што ги имаат, тоа е фатално за нив. Треба отворено да разговараат со своите гласачи, да им покажат дека тоа е фаталност. Тие мора да им кажат на луѓето каде треба да одат и каде сакаат да одат“, порача Тачи.

Taчи истакна дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе „јаде многу шлаканици“.

„Мислам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе јаде многу ‘шлаканици’ до денот на изборите, дури и од меѓународните партнери. ‘Шлаканиците’ ќе бидат многу големи, затоа што ако победат ќе изгубат, 1, 2, 3“, вели Тачи.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ во последен момент ќе го смени ставот за уставните измени.

„’Шлаканиците’ ќе растат, додека поддршката за остатокот од политиката ќе оди далеку. Ова ќе биде делот што е проевропски, дел од проевропскиот фронт“, рече понатаму Тачи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот