Мелони прво им се „пушти“ на рејверите: До шест години затвор за организаторите на илегални забави

Фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Новата италијанска влада на десничарската популистка Џорџа Мелони објави дека организирањето непријавени рејв забави ќе го направи кривично дело, неколку часа откако прекинале една во северна Италија.

Организаторите на „опасни собири“ со над 50 луѓе ќе се казнуваат со затвор до шест години, а делото ќе отвора можност за прислушување на организаторите на рејвот. Вчера властите наредија околу илјада рејвери да напуштат магацин во Модена, каде два дена се одржувала таква забава.

„Забавата заврши! изјави поранешниот министер за внатрешни работи, екстремниот десничар Матео Салвини, кој е вицепремиер во новиот кабинет на Салвини.

Жителите во околината се пожалија на 48-часовната непрекината техно музика на забавата по повод „Ноќта на вештерките“, која преку социјалните мрежи привлекла млади луѓе од околните италијански градови, но и од Белгија и од Франција.

Рејверите планирале да останат до денеска, но без проблем си заминале од напуштениот магацин во северниот дел на Модена, а очевидци рекле дека и исчистиле зад себе. Премиерката Мелони вели дека новиот закон има за цел да ги заштити луѓето од повреди и оти тој не се разликува од другите во Европа.

Критичарите прашуваат зошто владата ги таргетира младите рејвери, а во исто време го игнорира фашистичкиот марш минатиот викенд на 2.000 луѓе облечени во црно, поддржувачи на италијанскиот фашистички диктатор Бенито Мусолини.

Митингот се одржа во Предапио, каде што е роден и погребан Мусолини. Имало фашистички поздрави и химни, а го одбележале маршот на Мусолини во Рим и почетокот на фашистичкото владеење пред 100 години. Министерот за внатрешни работи Матео Пјантедоси изјави дека двата настани биле „сосема различни работи“ бидејќи маршот на Мусолини не го нарушил јавниот ред и мир, додека сопственикот на магацинот ја пријавил рејв-забавата во Модена.

Мелони, која изминативе недели се обидуваше да се дистанцира од постфашистичката политика на нејзината младост, вчера рече дека маршот за Мусолини е „политички многу значаен настан“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот