Меланија и Доналд Трамп на парадата / Фото: Mandel NGAN / AFP / Profimedia

Меланија Трамп му испрати писмо на Путин за киднапираните деца во војната од Украина

Сопругата на американскиот претседател Доналд Трамп, Меланија Трамп, го подигна прашањето за тешката положба на киднапираните деца во Украина и Русија во лично писмо до рускиот претседател Владимир Путин, соопштија во петок двајца претставници на Белата куќа за Ројтерс.

Претседателот Трамп лично му го предал писмото на Путин за време на нивните разговори на самитот во Алјаска, изјавија официјалните лица за Ројтерс. Меланија Трамп, родена во Словенија, не била на патувањето во Алјаска.

Службениците не сакаа да ја откријат содржината на писмото, освен што наведоа дека во него се споменуваат киднапирањата на деца како резултат на војната во Украина. Постоењето на писмото претходно не беше објавено.

Руското запленување на украински деца е длабоко чувствително прашање за Украина. Украина ги нарече киднапирањата на десетици илјади нејзини деца однесени во Русија или територија окупирана од Русија без согласност на семејството или старателите воено злосторство што ги исполнува дефиницијата за геноцид од договорот на ОН.

Претходно Москва соопшти дека ги штити ранливите деца од воена зона.

Канцеларијата за човекови права на Обединетите нации соопшти дека Русија им нанела страдање на милиони украински деца и ги кршела нивните права откако започнала целосната инвазија на Украина во 2022 година.

Трамп и Путин се сретнаа речиси три часа во американската воена база во Анкориџ, без да постигнат договор за прекин на огнот во војната во Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот