принтскрин

Меган Маркл ЕДВАЈ ГИ ЗАДРЖА СОЛЗИТЕ пред камера (ВИДЕО)

Меган Маркл проговори за тоа како се носи со мајчинството и интересот на јавноста за нејзиниот живот.

Во текот на интервјуто со Том Бредли во Африка војвотката од Сасекс едвај ги задржуваше солзите, особено откако тој ја праша дали е добро.

„Многу луѓе не ме прашале дали сум добро“, одговорила таа.

„Секоја жена, особено кога е бремена, навистина е ранлива и тоа ми беше голем предизвик. Потоа имате новороденче…Знаете? Особено за жените, тоа е многу. Додадете го на тоа фактот дека сте нова мајка и дека штотуку сте влегле во брак. Фала на прашањето, многу луѓе не ме прашале дали сум добро, но тоа е реалноста која ја поминувам зад камерите“, изјави таа.

Бредли потоа ја запраша дали одговорот е дека таа и не се чувствува така добро, а Меган одговори потврдно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот