Изет Меџити / Фото: Слободен печат / Слободан Ѓуриќ

Меџити: Позициите на „Вреди“ во Владата се загарантирани и не зависат од бројот на пратеници

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, кој е еден од тројцата лидери на коалицијата „Вреди“, вели дека во редовите на Алијанса за Албанците на Арбен Таравари се води жестока дебата и дека мнозинството од структурите не се согласуваат со одлуката на лидерот да ја напушти власта и „повторно да ѝ се приближи на ДУИ и „Европскиот фронт“.

Меџити во интервју за „Алсат“ ја оцени како „необјаснива и нетранспарентна“ одлуката на Таравари за напуштање на владата, алудирајќи дека таа „можеби е донесена под притисок или уцена“ и дека не го претставува вистинскиот став на членството на Алијансата за Албанците.

„Во рамки на Алијансата на Таравари има жестока дебата, огромното мнозинство не се согласува со својот лидер за да се вратат во канџите на ДУИ и ‘Европскиот фронт’, туку ќе останат во Владата“, рече Меџити.

Тој го спомена и заменик-претседателот на Владата задолжен за добро владеење, Арбен Фетаи, за кого рече дека ѝ е потребен на Владата. Меџити изрази надеж дека Фетаи ќе остане на својата функција затоа што, како што вели, „покажал транспарентност и капацитет за да управува соодветно“.

Меџити најави промени во Собранието, како што претходно денеска најави и министерот за социјална политика Фатмир Лимани, дека четворица пратеници од „Европски фронт“, ќе останата во владејачката коалиција.

„Коалицијата „Вреди“ нема да остане само со девет пратеници, четворица пратеници од ‘Европскиот фронт’ се на прагот да го напуштат тој блок и да и се приклучат на владејачкото мнозинство. Движењата почнаа. ‘Вреди’ нема да биде со девет пратеници. Точно е дека четворица пратеници ќе го напуштат Фронтот и ќе ѝ се приклучат на Владата“, рече Меџити.

Според него, позициите на „Вреди“ во Владата се загарантирани и не зависат од бројот на пратениците.

„Застапеноста на Албанците во Владата не е условена со бројот на пратеници, туку со политичкиот договор што го има склучено коалицијата ‘Вреди’. Сите позиции што и припаѓаат на Вреди во владеењето ќе останат таму, без разлика на можните промени во парламентарниот состав. Она што е на ‘Вреди’, ќе остане на Вреди. Кога ја формиравме Владата, не се водевме од бројките, туку од уделот на Албанците. Независно колку пратеници има ‘Вреди’, сите позиции ќе останат на ‘Вреди’“, рече Меџити.

Вицепремиерот Фетаи покажа добро владеење кон Мицкоски, во вторник Таравари ќе се збогува со функцијата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот