Меџити: Мојот фокус сакам да биде на завршување на изградбите на новите болници во Штип и Кичево

Фатмир Меџити, министер за здравство/Фото: МЗ

Министерот за здравство Фатмир Меџити вели дека во неговиот мандат сака да се фокусира на оживување на регионалните клинички центри како и завршување на изградбите на новите болници во Штип и Кичево.

Имаме и концепт, да имаме регионален центар во Тетово, меѓу Тетово и Гостивар, еден меѓу Струга и Охрид. Да се доврши сегашната штипска болница и да се заврши изградбата на кичевската болница, да се реновира болницата во Куманово. Потребно е комплетно реновирање и на болницата во Битола. Ова се големи капитални инвестиции, имаме неколку опции и за самофинансирање има и заинтересираните страни, кои се многу сериозни меѓународни компании – изјави Меџити во гостување на „Summer Click” на ТВ21.

Според министерот, изградба на нов Клинички центар во Скопје е повеќе од потребна,

Клиничкиот центар не може да биде само ветување кое нема да се реализира, туку тоа е стратешки објект на државата, каде ќе може да се добива интегрирана медицинска експертиза, на пациентите да им овозможиме лесен пристап до сите здравствени услуги, а на медициснкиот персонал современи услови за работа – додава тој.

Меџити заклучи дека нема да дозволи да се повторуваат сценаријата од минатите години, а изградба на нов Клинички центар да биде само ветување. Најави усогласување на идеи и размислувања на сите општетствени, експертски, па и политички чинители во државата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот